Претседателот на кинеската фудбалска федерација уапсен поради корупција

Претседателот на Кинеската фудбалска федерација, Чен Шујуан, е уапсен под обвинение за корупција.

Антикорупциското тело на владејачката Комунистичка партија соопшти дека Чен Шујуан бил ставен под истрага од националните спортски тела и од провинциските спортски тела Хубеј. Властите на Комунистичката партија не ги открива деталите за обвиненијата против него.

Чен е претседател на Кинеската фудбалска федерација и потпретседател на нејзиниот партиски комитет, што ги илустрира напорите на властите да влијаат на напредокот и успехот на кинескиот фудбал.

Сепак, Чен немаше многу успех на чело на федерацијата, а Кина последен пат на Светско првенство се пласираше далечната 2002 година кога беше во група со тогашниот шампион Бразил.

Се вчитува...