Пиоли: Требаше да постигнеме уште два гола

Милан успеа да стигне до предност во првиот натпревар од осминафиналето против Тотенхем во Лигата на Шампионите откако на домашен терен славеше со 1-0. Херојот на „росонерите“ беше Дијаз кој ја затресе мрежата уште во 7. минута.

Тренерот на миланскиот клуб, Стефано Пиоли по не го криеше задоволството од изгледот на неговиот тим на теренот и победата, но додаде дека предноста пред реваншот во Лондон требала да биде и поголема.

„Беше тежок натпревар, борбен, како и што очекувавме. Добро игравме и знаеме колку ќе биде тежок реваншот. Одигравме натпревар како што моравме да одиграме – концентрирано, одлучно и тимски. Задоволен сум. Тренерот е секогаш среќен ќе види дека сработеното на тренингот се материјализира на теренот. Требаше да постигнеме уште два гола. Ова е само првиот дел од мечот, вториот ќе биде уште потежок“, изјави Пиоли.

Се вчитува...