Прес-конференција на „НБА-начин“: Дончиќ никогаш посмешен, „грицкајќи нокти“ со пофалби за Јокиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше феноменален во синоќешниот натпревар на Далас со 37 поени и девет асистенции, но не можеше сам против Никола Јокиќ и Денвер кои на крајот однесоа заслужена победа.

Сепак, тоа што привлече внимание по мечот е прес-конференцијата во „НБА стил“ на една мала масичка во скриен дел од арената и Лука Дончиќ кој се појави онака скромни „грицкајќи нокти“ пред присутните медиуми. Но, не заборави да го пофали Јокиќ…

„Има многу квалитетни екипи во конференцијата. Со играч како што е Јокиќ, веројатно се фаворити. Навистина е тешко да се игра против него. Така да, кога имате некој како Јокиќ во својот тим, секогаш сте фаворити“ – рече Словенецот.

Денвер сега се со ефект од 41-18, додека Далас загуби третпат во низа и сега е со учинок од 31-29, моментално шеста екипа на Западот.

Се вчитува...