Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Челси на „Сигнал Идуна парк“ беше поразен од Борусија Дортмунд со 1-0. Тренерот на „сините“ од Лондон Греам Потер, оствари само една победа на последните девет натпревари и се наоѓа во прилично незгодна ситуација со оглед на големите вложувања на клубот во последните два трансфер периоди.
Тој по новиот пораз вели дека сепак се било одлично на теренот…
„Одигравме одлично, особено второто полувреме. Создадовме многу шанси и заслуживме барем еднаш да ја затресеме нивната мрежа. Разочаран сум од голот што го примивме. Тоа беше од контранапад во моменти кога бевме поблиску до гол. Не скрши. Разочарувачки е, но мора да продолжиме вака. Се беше одлично, само треба да постигнеме гол“, рече Потер.
На Челси му следуваат три натпревари во првенството против Саутемптон, Тотенхем и Лидс, а потоа реваншот против Борусија Дортмунд, закажан за 7. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

