Лионел Меси воопшто не е блиску до потпис на нов договор со ПСЖ, наспроти информациите веднаш по завршувањето на СП дека Аргентинецот ги има договорено деталите за да ја продолжи соработката со францускиот првак.
Како што јавува весникот „Л’Екип“, првата рунда на преговори во 2023 година била крајно неуспешна откако Меси јасно ставил до знаење дека не би прифатил никакво намалување на платата. Тој моментно заработува 40 милиони евра и Аргентинецот останал разочаран кога понудата на маса изнесувала 30 милиони евра по сезона.
Лео и неговиот татко разочарани го напуштиле состанокот, јасно ставајќи до знаење дека немаат намера да продолжат со соработката со ПСЖ под понудените услови.
Кај Ал Келаифи постои оптимизам дека на крајот сепак ќе биде пронајден заеднички јазик, но јасно е дека првиот човек на ПСЖ ќе мора значително да ја зголеми понудата за да потпише нов договор со францускиот шампион.
Доколку тоа не се случи, Аргентинецот ќе има отворени врати за преселба во САД или во Саудиска Арабија, каде што би заработувал уште повеќ од она што моментно го добива во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА