Влатко Стојановски нов шпиц на Септември Софија

Повремениот репрезентативец на Македонија, Влатко Стојановски е нов играч на бугарскиот тим Септември Софија. Досегашниот член на Шкендија се реши за нов интернационален предизвик, и замина во источниот сосед.

Тој е трет македонски играч во овој тим после Костадин Чешмеџиев и Мартин Стојанов кои се дел од овој клуб.

Стојановски во минатото беше дел од Металург, потоа замина во Сплит, па во Дугопоље, се врати во таборот на Ренова, за потоа да замине во Ним. Од таму како позајмен играше во Шамбли, но откако не се снајде во Франција, замина во хрватскиот тим Горица. Во јули 2022 година се пресели во Шкендија без некој позабележителен настап, за сега првпат да настапува во бугарски тим.

Стојановски има девет настапи за националниот тим на Македонија и два постигнати гола во вкупно 303 минути одиграни во дресот со државниот грб.

Се вчитува...