Македонскиот фудбалски прволигаш и актуелен вицешампион во Купот на Македонија, Силекс ги заврши подготовките во Анталија и веќе се подготвува за продолжувањето на сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија.
Тренерот на кратовци Горазд Михаилов вели дека е задоволен од подготовките и тимот е подготвен за продолжението на сезоната.
„Подготовките во Анталија поминаа во најдобар ред, најважно е дека сите играчи се здрави и живи, за игрите на екипата можам да бидам задоволен од тоа што го прикажавме бидејќи имавме квалитетни противници и добри натпревари. Резултатите можеби не беа на посакуваното ниво, но задоволен сум со тоа што го покажавме на овие подготовки во Анталија. Исто така со моите соработници Мицков, Христовски, Динев, тука беа пристуни и спортскиот директорот Ристиќ и техничкиот директор Иванов, бевме одлично примени и имавме идеални услови за тренинг. Новите играчи одлично се примени во нашиот клуб, се покажаа во добро светло и очекуваме да бидат уште подобри“, изјави Михаилов.
Силекс во првото коло од пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ е слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА