Трабзонспор триумфираше со 1-0 против Базел во првиот натпревар од 1/16-финалето во Конференциската лига.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди остана само на клупата за резервни фудбалери на мечот на кој Трабзон до победата дојде со голот на Ларсен во 65. минута.
Фиорентина веќе е сигурно во осминафиналето на УЕФА Конференциската лига откако на гостувањето против Брага славеше со 0-4, со по два гола на Јовиќ и на Кабрал, па реваншот во Фиренца ќе биде само формалност.
И Карабах со предност од 1-0 ќе патува на гостувањето против Гент во Белгија. Стрелец на победничкиот гол за Азербејџанците беше Леандро во 78. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (први натпревари)
БОДО/ ГЛИМТ – ЛЕХ 0-0
БРАГА – ФИОРЕНТИНА 0-4
Јовиќ 45′, 60′, Кабрал 79′, 90′
ТРАБЗОНСПОР – БАЗЕЛ 1-0
Ларсен 65′
КАРАБАХ – ГЕНТ 1-0
Леандро 78′
АЕК ЛАРНАКА – ДЊИПРО (21 ч.)
ЛАЦИО – КЛУЖ (21 ч.)
ЛУДОГОРЕЦ – АНДЕРЛЕХТ (21 ч.)
ШЕРИФ – ПАРТИЗАН (21 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

