Белградски Партизан е многу блиску до пласман во осминафиналето од УЕФА Конференциската лига откако во првиот натпревар од 1/16-финалето триумфираше со 0-1 на гостувањето против молдавски Шериф Тираспол.
Партизан до победата дојде со голот на Гомес во 45. минута од средбата.
Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака исто така со предност од 1-0 ќе го очекуваат реваншот против Дњипро. Македонскиот напаѓач со капитенската лента го почна мечот и настапи до 65. минута. АЕК до триумфот дојде со голот на Гарсија во 84. минута од средбата.
Лацио триумфираше против Клуж со 1-0, со голот на Имобиле во 45. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (први натпревари)
АЕК ЛАРНАКА – ДЊИПРО 1-0
Гарсија 85′
ЛАЦИО – КЛУЖ 1-0
Имобиле 45′
ЛУДОГОРЕЦ – АНДЕРЛЕХТ 1-0
Тиаго 9′
ШЕРИФ – ПАРТИЗАН 0-1
Гомес 45′
БОДО/ ГЛИМТ – ЛЕХ 0-0
БРАГА – ФИОРЕНТИНА 0-4
Јовиќ 45′, 60′, Кабрал 79′, 90′
ТРАБЗОНСПОР – БАЗЕЛ 1-0
Ларсен 65′
КАРАБАХ – ГЕНТ 1-0
Леандро 78′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

