Избра друга држава: Синот на Предраг Стојаковиќ нема да игра за Србија

Синот на легендарниот српски кошаркар Предраг Стојаковиќ, Андреј одлучи да настапува за кошаркарската репрезентација на Грција. Во неговата изјава се крие еден збор кој нема да ги израдува српските љубители на кошарката. Имено, се чини дека Стојаковиќ Јуниор одлучи да ја претставува Грција на репрезентативно ниво.

Андреј Стојаковиќ кој е висок 201 центиметар и игра на позициите бек и крило се одлучи за универзитетот Стенфорд.

„Минатата година во ова време, не ни размислував за ова. Со нетрпение очекувам да излезам на теренот, претставувајќи ги Сакраменто и Грција. Јас сум многу возбуден“, изјави Стојаковиќ.

Се вчитува...