Баскет КАМ прв патник во женското финале на Купот на Македонија

Баскет КАМ е првиот финалист на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во полуфиналето славеше против екипата на Бадел со 61-70.

Клучната предност тимот од Македонска Каменица го направи во вториот дел од првата четвртина кога со серија од 10-3 стигна до предност од 11-19. Бадел 1862 успеа да ја врати неизвесноста на почетокот на втората четвртина преку Димитријевиќ, но продолжението од првото полувреме им припадна на кошаркарките на Баскет Кам за 25-34, а избраничките на Гоцевски ја задржаа предноста и во текот на второто полувреме.

Со 23 поени, 7 скока и 5 асистенции лидер на Бадел беше Димитријевиќ, додека 13 поени додаде Метју. Николов го предводеше Басет Кам со 14 поени, 12 поени, 7 скока и 6 асистенции додаде Адамовски, а со дабл-дабл од 10 поени и 11 скока мечот го заврши Тасевска.

Се вчитува...