Денис Дервишевиќ има причина да биде горд на својот клуб откако Феникс во своето второ учество на завршниот турнир од Купот на Македонија го обезбеди првото финале.
Во драматичната полуфинална пресметка кошаркарите на Феникс прокоцкаа двоцифрена предност во втората четвртина, но затоа беа поприсебни кога беше најважно, па во завршницата го совладаа Пелистер, испишувајќи клупска историја.
„Ние дојдовме да играме финале, јас го кажав тоа од првиот ден. Имаме млада екипа и тројца искусни играчи, се обидовме да стигнеме до финале и успеавме во тоа“, изјави Дервишевиќ.
Бојан Трајковски не ја пропушти можноста да ги „пецне“ сите оние кои го отпишуваа предвреме тимот на Феникс на овој фајнал-ејт турнир.
„Прво сакам на сите млади момци, на цел клуб, на оваа прекрасна публика да и се заблагодарам и да им честитам за овој успех. Претходниот ден се изнаслушавме желботеки, сите сакаа да играат финале, а сите кои вчера беа дел од желботеките, утре ќе не гледаат на телевизија како се бориме за трофејот“, изјави Бојан Трајковски, еден од најискусните во таборот на Феникс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА