СТАРТУВА ВТОРАТА ЛИГА: Вардар во обид дa се издигне над проблемите, Гостивар уште денеска во желба да ја покаже супериорноста!

Со натпреварите од 16. коло денеска од 14 часот стартува пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Екипата на Гостивар ја носи фаворитската улога за првото место и сето тоа ќе треба да го потврди уште денеска во пресметката со Локомотива.

Воска Спорт, Вардар и Пелистер се очекува да ја заокружат четворката која ќе води битка за второто место кое носи директно во Првата лига, но и за распределба на останатите две позиции кои, пак, носат во баражот за место во елитата.

Вардар е во најнезавидна ситуација од оваа четворка поради незавидната состојба и крајната финансиска нестабилност. Доцниот почеток на подготовките исто така може да предизвика сериозен проблем кај црвено-црните во текот на пролетта, но факт е дека Вардар нема така лесно да се откаже од намерите за обезбедување Прва лига. Колку може во тоа ќе треба да покаже денеска против Арсими.

Во битката за опстанок, пак, веќе е јасно дека Борец може само чудо да го спаси. А, Тетекс со комплетната реконструкција на тимот и под водство на Љупчо Марковски – Калц, и тоа како ќе се обиде да ја избегне претпоследната позиција. „Штофарите“ имаат 13 нови имиња за пролетниот дел и сигурно тим кој може да се избори за опстанок во битката со Слога Виница, Каменица Саса и Локомотива.

ВТОРА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ
Скопје: ВАРДАР – АРСИМИ
Тетово: ТЕТЕКС – ОХРИД
Струмица: БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
Виница: СЛОГА – БОРЕЦ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – КАРАОРМАН
Гостивар: ГОСТИВАР – ЛОКОМОТИВА
Врапчиште: БЕСА – КАМЕНИЦА САСА

Се вчитува...