Наковска-Бикова е најдобар спортист на Битола за 2022, Еурофар Пелистер е најдобра екипа (ФОТО)

Светската шампионка во стрелаштво со воздушен пиштол, Оливера Наковска – Бикова е прогласена за најдобар спортист на Битола за 2022 година, на синоќешната свеченост која се одржа во салата на Народниот театар од Битола.

Наковска – Бикова наградата ја доби од градоначалникот Тони Коњановски притоа истакнувајќи дека секогаш е горда и благодарна на својот град, на Сојузот, порачувајќи им на сите доботници на наградите секогаш да бидат упорни во своите амбиции.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костевски е втор на листата меѓу најдобрите, третото место беше резевирано за кошаркарот на Пелистер, Димитар Караџовски а на четвртото заврши македонскиот ракометен репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ.

Најдобра сениорска екипа е ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, пред кошаркарите на Пелистер, кугларите на Пелистер и бијард играчите на Лонгони кои го делат третото место во екипна конкуренција. За најдобра младинска екипа е прогласена Атлетико, второ место за ОК Пелистер Волеј, а на третото завршија пинпонгарите на Пелагонија.

Посебни признанија беа доделени и за ветерани на спортот Христо Димитровски (бокс) и Цане Крстевски (ракомет), кои добија признанија за животно дело.

ФОТО: www.bitolanews.mk

Се вчитува...