Македонската скијачка Јана Атанасовски не успеа да оствари пласман и на слаломската трка на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во Куршевел/Мерибел.
16-годишната Атанасовска стартуваше 77-ма од 122 натпреварувачки на слаломската трка, но не успеа да довози до целта на патеката во Мерибел. Имаше солидно возење со забрзување низ првите две мерни контроли, но пред третата мерна точка загуби контрола и не ја доврши трката.
Атанасовска не успеа пред два дена да ја заврши и велеслаломската трка на СП.
Во машка конкуренција, од четворица наши претставници, единствено 17-годишниот Јаков Добрески имаше добар настап завршувајќи на 46. место во квалификациите на слаломот меѓу 118 натпреварувачи. Дардан Дехари, Виктор Петков и Мирко Лазарески не ја завршија трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА