Женската селекција водеше но загуби од Бугарија на турнирот во Аланија

Женската А репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со пресврт на меѓународниот турнир што се одржи во Аланија, Турција.

Избраничките на Кирил Изов, првиот поведоа со 1-0 на натпреварот уште од 9. минута, но Бугарките со два гола успеаја да победат.

За македонските фудбалерки на турнирот останува уште натпреварот против Естонија на 21. февруари.

Се вчитува...