Милан стигна до нови бодови во Калчо-лигата откако „росонерите“ славеа со 0-1 на гостувањето против Монца. Ова беше трета идентична победа за италијанскиот првак, по онаа над Торино во Серија А и над Тотенхем во рамките од Лигата ан шампионите, со што „росонерите“ покажуваат дека ја надминале резултатската криза во која се најдоа до пред десетина дена.
Милан целосно доминираше во првото полувреме, а од неколкуте убави шанси успеа да поведе преку онаа на Месијас, кој од десетина метри силно биеше и го матираше голманот на Монца. „Росонерите“ имаа можност да поведат и со 0-2, но Тео Хернандез промаши стопроцентна шанса, а нешто подоцна истото го стори и Де Кетеларе.
Тимот на Стефано Пиоли имаше и многу среќа бидејќи при обидот на еден фудбалер на Монца топката заврши во дирекот, го удри голманот Татарушану во главата и заврши само во корнер.
„Росонерите“ со овој триумф се израмнија со Интер на второто место на табелата, но „нероаѕурите“ вечерва ќе го играат својот натпревар од ова коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА