МЗТ Скопје денеска испиша историја, станувајќи прв тим што од осамостојувањето на Македонија во ист ден стигнал до куп-трофеи и во машка и во женска конкуренција.
И доколку оној женскиот беше и мало изненадување, тогаш „металците“ апсолутно ја потврдија фаворитската улога во машка конкуренција, играјќи одлична кошарка во изминатите три дена и заслужено кревајќи го пехарот.
МЗТ покажа кој е кој во мак-баскетот, со 11. пехар го мина и Работнички и сега е осамен на листата на најтрофејни тимови во куп-натпреварувањето, а останува надежта дека овој трофеј ќе биде и мотив плус за уште подобри игри во АБА1, каде опстанокот е примарна цел за наредниот период за аеродромци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА