НБА Ол-стар викендот продолжи и изминатата вечер во која се одржаа натпреварувањата во најдобри вештини, забивања и шутирање на тројки. Најдобри во натпреварувањето за вештини беше триото од Јута Џез, Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон.
Победник во најатрактивниот дел од втората вечер на богатиот викенд, натпреварувањето за забивање беше Мек Мекланд, кошаркарот кој не настапува во НБА лигата кој славеше пред Мартин Џуниор, Треј Марфи и Џерко Симс.
Победата на 24-годишникот кој во својата кариера настапи само на два натпревара во Филаделфија, а професионалната кариера ја продолжи во развојната „Џи-лига“ беше убедлива со максимални 50 поени во четирите забивања.
Најдобар „тројкаш“ на овогодинешното издание на турнирот беше Дамиен Лилард, асот на Портланд кој славеше против Хилд и Халибартон. Пресудна за победата беше тројката од аголот која вреди два поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА