Лече и ги собра трите бода на Аталанта среде Бергамо

Аталанта испушти значајни бодови во битката за излез во европските натпреварувања следната сезона откако на домашен терен загуби со 1-2 од Лече во 23. коло од италијанското првенство.

Кисеј во 4. минута донесе водство од 1-0 за Лече, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Блин во 74. минута ја затресе мрежата на Аталанта, а Хојлинд во 87. минута успеа само да го ублажи поразот.

Со денешниот пораз Аталанта останува на петтата позиција на табелата со 41 освоен бод, додека со трите бода Лече се искачи на 13. позицијата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...