Динамо Загреб ја задржа предноста од 11 бода на врвот на табелата во храватското првенство откако во 22. коло славеше на гостински терен против Вараждин со 1-3.
Натпреварот на кој двете страни имаше македонски интернационалци го одбележаа оние од редовите на „модрите“. Ристовски во 49. минута асистираше за Иванушев за водство на Динамо од 0-1, а само осум минута откако влезе на терен Адеми ја затресе мрежата за 1-3 со што ја потврди победата за својот тим.
Младиот Димитар Митровски доби шанса во „синиот“ дрес во 72. минута.
Головите на македонските репрезентативци може да ги погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА