Гризман донесе победа на Атлетико Мадрид против Билбао

Атлетико Мадрид влезе во победничка серија во Ла Лига откако во 22. коло славеше на домашен терен против Атлетик Билбао со 1-0. Херојот на „јорганџиите“ беше Антоан Гризман кој ја затресе мрежата во 73. минута на асистенција на Депај.

Тоа е четврта победа за Атлетико Мадрид во последните пет меча со која тимот од главниот град на Шпанија стигна до 41 освоен бод. За Атлетик Билбао пак трет пораз во последните пет меча со која останува на седмата позиција на табелата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...