Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски е најзаслужниот за победата на неговиот Дебрецин од 2-3 на гостувањето против Хонвед во унгарскиот шампионат.
Бабунски беше стрелец на два гола на мечот за пресврт победа на неговиот тим.
Македонскиот напаѓач првиот гол го постигна во 27. минута за водство на Дебрецин, по што Хонвед преку Домингез и Лукиќ направи целосен пресврт до 54. минута. Но, Бабунски повторно во 71. минута постигна убав гол со лоб удар од 30 метри за 2-2, а победата на гостите ја донесе Манце во финишот од натпреварот.
Доријан Бабунски со двата гола стигна до девет погодоци во унгарскиот шампионат сезонава.
ГОЛОВИТЕ НА БАБУНСКИ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА