Барселона ја продолжи победничката низа во шпанското првенство откако во 22. коло славеше на домашен терен со 2-0 против Кадиз. Победата на каталонците дојде при крајот на првото полувреме кога мрежата ја затресоа Серхио Роберто во 43. минута и Роберт Левандовски во првата минута од судиското продолжение.
Со новата победа Барселона останува на осум победа предност во однос на второпласнирот Реал Мадрид, додека Кадиз и понатаму стравува за прволигашкиот статус следната сезона.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

