ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Барселона ја има најдобрата одбрана во историјата на Ла лига

Фудбалерите на Барселона со големи чекори, чекорат кон враќање на титулата во шпанска Ла лига, откако синоќа на домашен терен славеа над Кадиз со 2-0 како дел од претпоследниот натпревар од 22. рунда.

За Каталонците ова беше дури 17 пат сезонава во шпанскиот шампионат да не примат гол, што е рекорд во ова натпреварување во историјата по одиграни 22 првенствени средби. Претходно овој рекорд го држеше Депортиво Лакоруња со шеснаесет чисти мрежи од сезоната 1993/1994.

 

 

 

Се вчитува...