Баерн ќе си „лапне“ играч на Реал Мадрид и тоа бесплатно

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалјос, во моментов игра во животна форма. Малкумина очекуваа дека токму Себалјос ќе биде „џокерот“ на „кралевите“ во средниот ред, по заминувањето на Касемиро во Манчестер Јунајтед. Пред само неколку месеци се сметаше дека Себалјос е само играч за потполнување на екипата, и дека наследници на Касемиро ќе бидат Валверде, Чуамени и Камавинга.

Дополнително, Себалјос не беше во комбинција за шпанската репрезентација на минатиот Мундијал во Катар, со што беше јасно дека за него нема место во таборот на „кралевите“, па беше многу извесно дека на лето ќе има нов клуб во кој ќе се наметне. Меѓутоа Себалјос во оваа година едноставно експлодираше.

Цената на овој фудбалер му се зголеми. Некогаш вредеше 45 милиони, а сега нецели 10 милиони, но тоа би можело да се смени. Според информациите од Шпанија, многу лесно може да се случи Себалјос да заигра за германскиот гигант Баерн Минхен, кој „загриза“ за неговите услуги, и сака да го земе бесплатно. Тој веќе може да преговара со други клубови, со оглед дека на лето е веќе слободен играч.

Се вчитува...