Клоп за Реал Мадрид: Вини, Родриго, Бензема, Модриќ… не можете да спречите индивидуи, морате целиот тим

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше утрешниот осминафинален натпревар против Реал Мадрид во Лигата на Шампионите кој воедно ќе претставува и реванш на минатогодишното финале во кое „кралевите“ славеа со минимални 1-0.

Германскиот стратег кој се осврна и последниот меѓусебен дуел имаше само пофални зборови за шпанскиот великан за кој вели дека изобилува со светски играчи и неговиот тим мора да биде на самиот врв на задачата за пласман понатаму.

„Сега за прв пат ја гледав снимката од финалето. Реал ни во една секунда не ја губи самодовербата и тоа треба да се научи од нив. Можевме да го добиеме тој натпревар, но не успеавме. Сега влегуваме во дуелот со повеќе искуство. 

Имаат феноменален тренер во Карло Анчелоти, имаат опасни играчи како Винисиус кој ни даде три гола во три натпревари. Се обидувате да ги спречите додавањата до него, а тука се и Бензема, Родриго или некој трет. Тука е и Модриќ. Тоа се сите играчи од врвна класа, мораме да ги спречиме како тим“, изјави Клоп.

Се вчитува...