Голем проблем за Борусија Дортмунд во битката за титулата во Германија, како и во битката за пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. „Милионерите“ останаа без услугите на Карим Адејеми, кој ќе паузира најмалку три недели.
Напаѓачот на Борусија против Херта постигна гол, а при асистенција за вториот погодок на својот тим, се пожали на болки во задната ложа. Мораше да го напушти теренот, а лекарските прегледи покажаа дека има скинато мускулно влакно.
Адејеми ќе паузира три недели. Ова го соопшти неговиот клуб Борусија Дортмунд, а тоа ќе значи дека на реваншот против Челси ќе остане без фудбалерот кој е во врвна форма, и кој го врати тимот на Дортмунд во игра за титулата.
Адејеми го постигна единствениот гол во победата над Челси, откако претрча сам 80 метри, и ги мина и Енцо Фернандез, и голманот Кепа и стрелаше во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

