Трагичарот во финалето во Катар прави трансфер во ПСЖ за 100 милиони евра

Трагичарот во финалето на Светското првенство Рандал Коло Муани, би можел да потпише за ПСЖ. Францускиот првак веќе го прави планот за засилувања за следната сезона, а Парижаните во следниот преоден рок би можеле да останат без Нејмар и Меси, тврди „Ле Паризиен“.

Затоа ПСЖ би можел да тргне по напаѓачот на Ајнтрахт, 24-годишниот Муани кој што е хит во оваа сезона и досега има постигнато 10 гола. Интересно е тоа што во изминатиот преоден рок, Муани во Ајнтрахт пристигна без отштета, откако му истече договорот со Нант.

Муани ќе остане запаметен по промашената шанса во судиското надополнување во продолженијата кога излезе сам пред голот на Аргентина, но неговиот удар за водство на Франција од 4:3 и за пехарот го одбрани Емилијано Мартинез.

Се вчитува...