Македонскиот спортист и хуманист Емил Илиќ почина денеска. Илиќ во текот на својот живот достоинствено ја претставуваше Македонија ширум светот и беше добитник на бројни награди и признанија.
Во 2016-та година придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.
Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

