Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе му гостуваат на фаворитот во групата Фуксе Берлин во наптревар од претпоследното 11. коло во второто по ранг натпреварување на стариот континент Лигата на Европа.
„Пелистерци“ немаат што да изгубат на овој меч во кој влегуваат како големи аутсајдери…
„Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и заздравените ракометари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето“, изјави Валтер.
Крилото Ненад Костески вели дека нема потреба да се трошат зборови за противникот…
„Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Вчера игравме против Алкалоид, денес патуваме и имаме многу малку време да се спремиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат“, изјави Костески.
Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер е закажан за во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА