Нема одмор за нашата најдобра судијка Ива Пројковска, која се наоѓа во групата на 20 елитни женски фудбалски судии во Европа. Туку што се врати од семинарот во Рим во организација на УЕФА, каде со успех ги положи теоретските тестови и физичките норми, а веднаш потоа отпатува за Англија каде на Ковентри Арена во истоимениот град го судеше натпреварот меѓу Англија и Италија /2:1/ во рамките на Арнолд купот, на кој присуствуваа дури 32.000 гледачи. И помагаа Вјолца Изеири и Елена Соклевска Илиевски. Четврти судија беше Аинара Ацеведо од Шпанија.
Од Англија Ива Пројковска, Вјолца Изеири, Елена Соклевска Илиевски и како четврти судија Ирена Велевачкоска Ристевски се преселија во Франција, каде денес, /21 февруари/ во градот Анже ќе го судат натпреварот мегу Франција и Норвешка во рамките на меѓународен турнир.
Не е заборавен и нашиот најдобар контролор, поранешен меѓународен судија Емил Божиновски кој од страна на судиската комисија на УЕФА е одреден да го контролира судењето на реванш мечот во нокаут фазата во Лига на Европа меѓу данскиот клуб Мидтлијанд и Спортинг од Лисабон кој се игра на 23 февруари. Првиот натпревар заврши без победник -1:1 /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА