Комесарот за натпреварување Александр Милојевиќ и активниот кошаркарски судија Иван Мијалковски промовираа „Прирачник за кошаркарско судење“. Во книгата со свои текстови се присутни луѓе од кошарката, но и други стручни лица во своите области кои имаат допирни точки со овој спорт.
Идејата потекнува од времето при пандемијата на Ковид-19 и истата има цел да помогне на сите кои се занимаваат со овој спорт. Истата почнува со изрека на еден од најдобрите фудбалски судии Пјерлуџи Колина „Колку повеќе знаеш, толку подобро судиш“.
Прирачникот е по цена од 300 денари, а истиот има и хуманитарен карактер со тоа што собраните средства ќе бидат донирани за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



