Првиот човек на Ла лига бара оставка од Лапорта

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го повика Жоан Лапорта да поднесе оставка од функцијата претседател на Барселона, доколку не даде веродостојни објаснувања за скандалот околу исплатата на пари на компанијата на поранешниот потпретседател на судиската организација Енрике Негреира.

„Нема да ги откриеме деталите за тоа што го доставивме до обвинителството, бидејќи тоа би и наштетило на истрагата. Се сеќавам како ја започнавме борбата против наместени натпревари. Во „случајот Осасуна“ ги најдовме директорите, кои завршија во затвор. Разликата е што сега некој од судиската комисија сакаше да влијае на судиите, за да не бидат неутрални. Патот е преку обвинителството и судот. Ќе биде поведена кривична постапка. Ако обвинителството не го направи тоа, ние ќе го направиме. Ако не се потрудиме да го истражиме случајот, тоа ќе влијае на спонзорите. Многу им е јасно дека мораме да одиме до крај, без разлика дали станува збор за мал клуб или Барселона. Се надевам дека работите не се како што изгледаат, но мораме да истражиме се. Ако Лапорта не објасни поразумно зошто се направени тие плаќања, мислам дека треба да поднесе оставка. Тој даде некои површни изјави и се обиде да ги изврти работите, како тоа да го направија сите клубови. Едно е да ангажираш поранешен судија, друго е да си член на комисија. Ова е прашање што треба да се разјасни“, изјави Тебас. 

Веднаш потоа следеше и одговорот од Лапорта, кој испрати јасна порака до првиот човек на Ла Лига.

„Тој може да зборува што сака, но никогаш нема да го има задоволството да ме види да се повлечам пред него. Вистината е поинаква, Тебас никогаш не се помири со фактот дека Барса не прифати да го потпише договорот за ТВ права на кој тој инсистираше“, одговори претседателот на Барселона.

Се вчитува...