Македонските претставници се подготвени за Светско првенство во нордиско скијање. Нашиот тим на скијачи е во одлична форма и целосно подготвен за настап на претстојното Светско првенство во нордиско скијање 2023, кое се одржува на прекрасната алпска долина Планица во Словенија.
Сара Јосимовска и Матеја Трајковска ќе учествуваат на квалификациската трка 5 километри во слободен стил, додека пак, Благоја Најденоски и Давид Торевски на квалификациите 10 километри во слободен стил.
На Ана Цветановска и претстојат настапи на 1.4 километри класичен стил, 10 километри слободен стил, скијатлон 15 километри (7.5 км./7.5км), а заедно со Матеја Трајковска ќе ги одмерат силите во категорија тим спринт.
Ставре Јада ќе заземе учество на 1.4 километри класичен стил, 15 километри слободен стил, додека, настапот во тим спринт е во друштво на Дарко Дамјановски. Овогодинешните настапи на Дарко Дамјановски ќе бидат на 1.4 километри спринт и 15 километри слободен стил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА