Ливерпул ќе тргне офанзивно од првата минута на дуелот против Реал Мадрид, на кој „црвените“ бодрени од верните фанови ќе се обидат да стигнат до предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. Салах и Гакпо дефинитивно ќе бидат стартери, а Клоп до последно ќе чека да види колку Дарвин Нуњез е подготвен за настап по повредата на рамото поради која Уругваецот мораше да биде предвреме заменет на гостувањето против Њукасл.
За очекување е Нуњез да стартува од клупата за резерви, а наместо него во првиот тим шанса да добие Диого Жота, кој ги надмина проблемите со повредата поради која отсуствуваше повеќе од два месеци од терените.
На спротивната страна, Реал ќе биде без левиот бек Менди, како и без двајцата стандардни играчи за врска, Чуамени и Крос. Во една таква ситуација, се очекува Валверде да биде повлечен нешто поназад во средниот ред, а Себалјос да биде поддршка во нападот за незаменливите Бензема и Винисиус.
Наполи му гостува на Ајнтрахт во вториот дуел од денешната програма, меч за кој нашиот Елиф Елмас е најавен како резерва во гостинскиот состав.
ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД
ЛИВЕРПУЛ: Бекер, Александер Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Бајчетиќ, Салах, Жота, Гакпо.
Отсутни: Тијаго Алкантара, Дијаз. Неизвесен: Дарвин Нуњез.
РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Алаба, Валверде, Модриќ, Себалјос, Камавинга, Бензема, Винисиус.
Отсутни: Крос, Менди, Чуамени.
АЈНТРАХТ – НАПОЛИ
АЈНТРАХТ: Трап, Јакиќ, Ндика, Тута, Бута, Камада, Сов, Макс, Линдстром, Геце, Коло Муани.
Отсутни: Ебимбе.
НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Руи, Лоботка, Ангиса, Зиелински, Лозано, Кварацкелија, Осимен.
Отсутни: Распадори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА