Упамекано го пропушта големото дерби во Бундес-лигата

Баерн Минхен ќе биде ослабен во одбранбената линија за неделното бундеслигашко дерби против Унион Берлин, по суспензијата што денеска и официјално му беше изречена на Дајот Упамекано.

Францускиот дефанзивец доби црвен картон на самиот почеток од мечот со Борусија Менхенгладбах, баварците протестираа дека исклучување било незаслужено и се надеваа на помилување, но дисциплинската комисија денеска само ја потврди санкцијата – суспензија од еден меч неиграње.

Баварскиот гигант на официјалната веб-страница ја потврди казната за Упамекано, кој ќе го пропушти домашниот меч со Унион Берлин.

Само за потсетување, состојбата на табелата во Бундес-лигата 21 одиграни рунди е максимално интересна, ако се знае дека Баерн, Унион Берлин и Борусија Дортмунд сo по 43 освоени бодови.

Се вчитува...