Езгијан Алиоски е на добар пат да го напушти Фенербахче, но и да остане во турската метропола откако понуда за негов ангажман испратил тимот на Истанбулспор.
Фенербахче доведе нов лев бек и бара начин да се ослободи од Алиоски, а проблем повеќе претставува фактот што Ал Ахли, тимот од каде Македонецот е дојден на позајмица, не сака ни да чуе да го врати Џани Алиоски во своите редови до крајот на сезонава.
Ситуацијата се обидува да ја искористи Истанбулспор, тим што моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата. Челниците на клубот во Алиоски гледаат како на потенцијално засилување што би било од голема помош во борбата за опстанок, а понудата се однесува на позајмица до крајот на сезонава, со можност за целосен откуп во текот на летото.
Според турските медиуми, Фенербахче е подготвен да ја прифати понудата без размислување, но за реализација на трансферот неопходно е зелено светло од Ал Ахли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА