Поранешниот менаџер на Ватфорд и Валенсија, Хави Грација е назначен за тренер на Лидс до крајот на сезоната. 52-годишниот Шпанец на клупата на тимот од „Илан роуд“ ќе го наследи Џеси Марш, кој неодамна доби отказ. Клубот е во зоната за испаѓање по поразот од Евертон.
Грација се согласи да биде менаџер бидејќи Лидс не успеа да се договори со останатите кандидати меѓу кои беа и: Арне Слот, Карлос Корберан, Марсел Гаљардо и Андони Ираола.
Грација ќе дебитира на клупата на Лидс во сабота против Саутемптон кој е директен ривал во борбата за опстанок. Ако Лидс загуби, ќе биде последен на табелата. Лидс моментално е во серија од 10 натпревари без победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА