Кошаркарскиот клуб Панатинаикос објави дека го раскина договорот со црногорскиот стручњак Дејан Радоњиќ. Радоњиќ дојде во „зелено-белите“ на почетокот на сезоната, но атинскиот гигант не бележи резултати какви што се очекуваат, па веќе неколку дена се споменува смена, која вечерва и официјално се случи.
Екипата против Армани Милано ќе ја води Христос Серелис. Исто така во стручниот штаб на тимот се врати Василис Симчак.
Се шпекулира дека за следната сезона екипата би можела да биде водена од легендарниот Пабло Ласо, екс тренерот на Реал Мадрид кој пред неколку дена ја одби селекторската позиција на Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА