Состави ЛШ: Елмас почнува од клупата, Реал без Крос, Клоп стартува со Нуњез

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се најде на клупата за резерви на Наполи на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт. Македонецот ќе чека шанса од клупата како „џокер“, а пред него предност доби Кварацхелија, Лоботка, Зиелински и Ангуиза.

Коло Муани е најсилниот адут на Ајнтрахт за добар резултат од овој меч, а во првиот тим е и Марио Геце.

На дуелот на „Енфилд“, Клоп почнува со Нуњез, Гакпо и Салах во нападот, додека во првиот тим се најде и младиот Бајчетиќ. Од друга страна, пак, Анчелоти се реши да стартува без Тони Крос кој беше повреден, и се реши да не ризикува, а Реал почнува со Камавинга, Модриќ и Валверде во средниот ред.

Се вчитува...