Фуксе Берлин ја оправда фаворитската улога и го совлада тимот на Еурофарм Пелистер со 34-25 во 9. коло во Лигата на Европа.
Само на почетокот битолчани пружија отпор и водеа неколку пати (еднаш и со два разлика кога беше 2-4), но од тогаш германскиот тим ја презеде иницијативата и успеа веднаш да го сврте мечот, и само константно да го зголемува водството, кое на полувремето гласеше +6 (18-12).
Пелистерци немаа сили да се вратат резултатски во мечот, а Фуксе залетан само ја зголемуваше разликата, и на крајот успеа мирно да го приведе натпреварот кон крајот.
Гидсел со шест гола беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај пелистерци Костески, Кисум и Суси постигнаа по пет голови.
Фуксе со победата го потврди првото место, додека Еурофарм Пелистер сега „виси“ за четвртата позиција, и за неа ќе се бори против Мотор на домашен терен во последното коло и за пласман во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА