Првите 15 минути не ветуваа дека Реал Мадрид со поволен резултат ќе си замине од Енфилд на гостувањето кај Ливерпул во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Меѓутоа не само што се врати Реал Мадрид, успеа да израмни и на полувреме да замине со 2-2, туку и на стартот од првиот дел да поведе со 2-3, и сега од пораз, „кралевите“ се блиску до победа на првиот меч пред реваншот во Мадрид.
Едер Милитао постигна гол по нафрлена топка на Модриќ и ја смести во голот на Алисон. Ливерпул делува збунето, особено после оној примен гол по грешката на Алисон. Во секој случај гледачите на „Енфилд“ гледаат „спектакл“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

