Бензема: После 15-тата минута го видовме вистинскиот Реал Мадрид

Неверојатен меч и неверојатна победата на Реал Мадрид на синоќешното гостување кај Ливерпул. „Црвените“ имаа водство по првите 14. минути од средбата со 2-0, и кога се чинеше дека имаат контрола на играта и на резултатот, се случи голем пресврт.

„Кралевите“ стигнаа до 2-2 на полувремето, а Ливерпул никако не можеше да се опорави од шокот, па во второто полувреме Реал само ја потврди победата. Карим Бензема на крајот постигна два гола, и даде „шлаг“ на победата која го доближи тимот од Мадрид до 1/4 финалето.

„Важна вечер за нас, сакам оваа победа ја посветам на нашата легендар Амансио. Сакавме да играме добро. Почнавме лошо, знаевме дека Ливерпул ќе притисне од почетокот. После 15. минути го видовме вистинскиот Реал Мадрид. Благодарност до аплаузите од навивачите на Ливерпул, и благодарност до нашите фанови. Не играв многу оваа сезона, но секогаш сум тука да му помогнам на тимот. После повреда секогаш е тешко да се достигне нивото. Меѓутоа да не се опуштаме, не чека уште еден одличен натпревар во Мадрид“, рече Бензема.

Се вчитува...