НБА франшизата на Атланта Хоукс го раскинаа договорот со тренерот Нејт Мекмилан. Станува збор за тренерот кој пред неколку сезони ги предводеше „јастребите“ до финалето на Источната конференција.
Нејт Мекмилан е само во својата трета сезона во Атланта, а во првите две заврши добра работа. Мекмилан има 99 победи и 80 порази како тренер на Атланта, додека сезонава не беа баш убедливи. Хокс имаат скор 29-30 и се осми во поредокот на Истокот.
Впечаток е дека проблеми има и со главниот играч на франшизата Тре Јанг, кој не е на нивото на напредок што се очекуваше. Во својата четврта сезона имаше просек од 26 поени и 10 асистенции, но и најмал процент на шут за три поени и најмал процент на шут од поле.
Хоукс со Мекмилан беа во конференциското финале во 2021 година кога беа елиминирани од Бакс, а минатата сезона брзо загубија од Мајами со 4-1 во првото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

