Јирген Клоп со право беше разочаран по убедливиот пораз од 2-5 на домашен терен од Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Ливерпул стартуваше феноменално и експресно поведе со 2-0, но потоа следеше неверојатен пад и дури пет примени гола, најмногу во историјата на Ливерпул на еден домашен натпревар во европските купови.
„Прилично е јасно што се случи, му подаривме на Реал Мадрид пет погодоци, факт е дека можевме многу подобро да реагираме при секој од нив. Ако има позитивна работа, тоа е првото полувреме, без оглед на двата примени гола. Имавме добар разговор на паузата, а потоа го примивме и третиот гол, кој го промени целосно текот на мечот. Во второто полувреме се се одвиваше како што сакаа гостите, а Реал е тим што никогаш не простува“, истакна Клоп.
Трофејниот стручњак е дециден дека не смее да се дозволи овој неуспех да влијае врз завршницата од сезоната во Премиер-лигата.
„Јасно ми е зошто луѓето велат дека ова е голем удар, но во прашање е само еден резултат, пораз од кој можеме добро да научиме. Да не заборавиме, Реал е еден од најдобеите тимови во светот, актуелен европски шампион. Фала му на Бога што не играме со нив секоја недела“, порача Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

