Иднината на Тухел се решава во Минхен

Вчера се појави вест дека Томас Тухел и ПСЖ би можеле повторно да соработуваат. Германецот е слободен од септември минатата година кога доби отказ од Челси, и на негово место дојде Потер. И самиот Тухел не очекуваше ваков сплет на околностите, со оглед дека ја освои титулата европски првак.

Но, покрај тоа што се поврзува со ПСЖ, тој е следната „мета“ на тимот на Баерн Минхен. А, се претпоставува дека еден од овие два тима ќе го смени тренерот, и тоа после нивниот меѓусебен дуел.

Баерн Минхен има предност од првиот меч во Париз, а патникот во 1/4 финалето ќе се решава во Минхен. Кој ќе испадне, веројатно ќе остане без тренер. ПСЖ веќе го губи трпението со Кристоф Галтие, со оглед дека испадна од Купот, а има пет порази во првите два месеци во годинава. Баерн Минхен, пак, со Нагелсман сезонава не е доминантен во Германија, иако и натаму е на лидерската позиција во Бундеслигата и во трка за титулата.

Меѓутоа игрите на Баерн се под нивото, па од тука ако се случи тимот да биде елиминиран од ПСЖ, тогаш ќе му се каже „благодарам“ на Нагелсман, а Тухел би бил идеалното решение. Истото се однесува и за ПСЖ и Галтие. Ако доживее елиминација, тогаш Галтие ќе стане „поранешен“, и на сцена се враќа Германецот.

Се вчитува...