Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот во Левице ќе си ги одмери силите со Словачка во петтиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2025. По победите во првите четири дуели избраниците на Александар Јончевски гостуваат кај Словаците со цел победа која би ја осигурала првата позиција во групата која носи и директен пласман во главните квалификации за континенталниот собир.
Првиот дуел со Словачка донесе интересен натпревар во СРЦ „Кале“ каде гостите во еден момент имаа и двоцифрена предност, но на крилја на Димитријевиќ и Јакимовски, Македонија беше таа која на крајот се радуваше на победа со четири поени предност која може да биде од огромно значење.
View this post on Instagram
Денеска на теренот нема да бидат Димитријевиќ и Јакимовски, меѓутоа „црвено-жолтиот“ дрес ќе го носи натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс кој имаше феноменално деби во Гевгелија предводејќи ја нашата репрезентација до победи против Норвешка и Данска, а се наоѓа во одлична форма и за клупските настапи каде е еден од најдобрите играчи во германското првенство и е најдобар поентер во Лигата на Шампиони.
View this post on Instagram
Македонија и Словачка во последните години се редовни ривали во претквалификациските циклуси, а од 2017 година досега билансот на победи е на страната на нашата репрезентација која има четири победи и само еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА