Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец почнал штрајк во истражниот затвор во Барселона во кој се наоѓа поради обвинение за силување. Одлуката Алвеш да штрајкува е поради тоа што петти пат е одбиено барањето на неговите адвокати да биде пуштен да се брани на слобода со кауција.
Алвеш ветува дека нема да ја напушти Барселона, но судиите не му веруваат и сметаат дека поради неговото богатство лесно може да избега. Според последните информации од каталонските медиуми Алвеш почнал штрајк со глад, а одбива и да излезе од келијата.
Бразилецот тврди дека е невин и дека не ја присилил девојката на сексуален однос во тоалетот во еден клуб, туку дека таа сакала да има секс со него и самоволно влегла. Доколку делото се потврди и тој биде осуден, на Бразилецот се заканува затворска казна од 12 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА