Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 18 часот во Левица ја очекува дуелот со Словачка, претпоследната пресметка во претквалификациската фаза за ЕП 2025.
Пред денешниот дуел Адем Мекиќ верува во победа против Словаците, очекувајќи секој од македонските репрезентативци да се задржи до планот на игра.
„Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза“– вели нашиот крилен играч пред дуелот во Левице.
Македонија досега е перфектна во групата „Д“, има четири победи на четири средби. Последниот натпревар во претквалификациите е гостување против Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА